Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО ја одобри индиската вакцина!

Светската здравствена организација (СЗО) даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против коронавирус.

Лекот е развиен од индиската компанија Barat Bajotek во соработка со Националниот институт за вирологија во Пуна.

Техничката советодавна група, повикана од СЗО и составена од регулаторни експерти од целиот свет, откри дека вакцината коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита и превенција од Ковид 19, и дека придобивките од вакцината се многу поголеми од ризиците, но и дека вакцината може да се користи, соопшти СЗО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!