Вие имате прво да ја знаете вистината

Талибанците не знаат да користат компјутери, стана хаос на границите, возачите се жалат: Наместо три дена, чекаме цела недела

Во јужниот узбекистански град Термез, магацините се полни со стока наменета за Авганистан. Во близина се наоѓа пограничниот град и пристаништето Хаиратан, мостот што ги поврзува двете земји. Од двете страни на границата, има напори за зајакнување на трговијата и враќање на нивоата што Узбекистан ги воспостави со претходната авганистанска влада.

Иако талибанците го контролираат проблемот со официјалната корупција, узбекистанските возачи на камиони се жалат на проблеми од нов вид – незнаење и недоверба.

Владата ги смени правилата. Порано ни требаа три дена да стигнеме таму и да се вратиме, а сега сме заглавени во Авганистан една недела, објаснува возачот Рафик Хујаков од Узбекистан. Проверуваат и мерат сè, продолжува Рафик, се проверуваат меѓу себе. Нивните вработени не знаат да користат компјутери. Сè ни стана потешко, потребно е подолго чекање. Остануваме овде една недела.

Новиот шеф на царината во Хаиратан, талибанецот Абдул Сатар Рашид, тврди дека „гласините за одложувања се лажна пропаганда“. „Луѓето кои стојат зад овие гласини се против авганистанската влада. Нивната цел е да шират лажна пропаганда за Исламскиот емират Авганистан“. Рашид го става новото ниво на безбедност во фокусот. „Има многу промени во однос на безбедноста. Сите се среќни – возачите, работниците и нашите соседи (Узбекистан).

Шефот на царината вели дека „заканите како грабежи или киднапирања се отстранети“.

Трговскиот договор меѓу Узбекистан и претходната влада во Авганистан во 2020 година беше вреден 776 милиони долари. Потоа двете страни се согласија да ја подобрат авганистанската инфраструктура и да изградат железница преку Кабул до пакистанските пристаништа во Карачи и Гвадар. Нивната цел во 2023 година беше да заработат две милијарди долари.

Но, од промената на власта, Узбеците стравуваат дека проширувањето на железницата нема да биде возможно, со оглед на недостатокот на инвестиции и општата меѓународна изолација на Авганистан од освојувањето на власта од страна на Талибанците.

Од Термез на југот на Узбекистан во Авганистан влегува хуманитарна помош наменета за гладното население.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!