Вие имате прво да ја знаете вистината

Тажна вест од Словачка: Почина хокеар кој колабираше на теренот

Тажна вест доаѓа од Словачка , каде почина 24-годишниот хокеар Борис Садецки. Член на Братислава Капиталс почина во болница откако колабираше пред неколку дена на мечот против Дорнбирн во ИЦЕХЛ лигата.

На стартот на втората третина, играчот ненадејно колабирал, по што му била дадена брза помош на мразот. Садецки потоа бил пренесен во болница каде поминал неколку дена. Долго време немаше информации за неговата здравствена состојба, додека денеска не стигна тажната вест дека младиот хокеар починал.

Со тага во срцето и жалење ја објавуваме смртта на нашиот играч Борис Садецки. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите. Во овој момент нема да објавуваме повеќе информации по консултации со семејството на Борис – објави Братислава на социјалните мрежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!