Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Русија и војската се вклучува во борбата против коронавирусот! Путин издаде наредба за формирање воени болници

Руското Министерство за одбрана испрати медицински експерти во областите најпогодени од пандемијата на коронавирус во земјата, а таму ќе бидат основани и воени болници. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за медиумите дека пандемијата на коронавирус, е се уште силно присутна во Русија, а тој кажа дека сè уште не е донесена одлука дали да се продолжи делумниот карантин.

Врз основа на указот на претседателот на Русија, Владимир Путин, делумниот карантин ќе трае до 7-ми ноември. Доколку се донесе каква било одлука, веднаш ќе бидете известени – изјави Песков.

Според него, медицински експерти се испратени во областите каде епидемиолошката состојба е највлошена.

Претседателот Путин издаде и наредба за формирање воени болници – додаде Песков.

Центарот за контрола и превенција од коронавирусна заразата во Русија соопшти дека во последните 24 часа починале 1.189 лица а вкупниот број на починати е 242.060, а оздравеле 32.807 лица, вкупно оздравени 7.445.438.

Во последните 24 часа се регистрирани 40.443 нови случаи, а вкупно до сега во државата имало 8.663.643 случаи позитивни на Ковид 19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!