Вие имате прво да ја знаете вистината

Во видеото на познатиот ТикТокер се појавува славниот фудбалер, луѓето се воодушевени: Најсилно досега

21-годишниот Хаби Ламе е едно од најпрепознатливите лица во светот, благодарение на TikTok, кого го следат повеќе од 118 милиони луѓе.

Неговото најново видео инспирирано од серијата Squid Game воодушеви милиони негови следбеници.

Во видеото, Хаби рекреираше една од игрите од популарната серија во која натпреварувачите мораа да поминат стаклен мост.

Кога Хаби ќе стигне до целта, чуварот го запира со рака и му ја симнува маската, а под неа е фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.

@khaby.lame

Usually I always win but this time……I v waited a year for a worthy opponent😎You r King #zlatanibrahimovic @Netflix #squidgame #leanfromkhaby

♬ suono originale – Khabane lame

Неговото лице го збунува тиктокерот, кој потоа паѓа од платформата, а Златан прави препознатливо движење со раката што Хаби вообичаено го користи во своите видеа.

Објавата ја лајкнаа над 10 милиони луѓе.

„Каква соработка“, „Најсилното видео досега“, „Ова видео има сè“, се само дел од коментарите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!