Вие имате прво да ја знаете вистината

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повторно заврши во болница, дали е нешто сериозно?

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе биде прегледан во универзитетската болница во Њујорк, јави грчката агенција АНА-МПА.

Вчера тој беше на лекарски преглед и одлучено е да му бидат извршени дополнителни тестови. Врз основа на истражувањето ќе се процени дали е потребно да се изврши ангиопластика – кардиоваскуларна операција за проширување на стеснети или затнати артерии или вени.

Вартоломеј пристигна во САД минатата недела. По пристигнувањето бил хоспитализиран поради замор. Неговиот престој во болница траеше еден ден.

Посетата на Вселенскиот патријарх на САД требаше да заврши денеска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!