Вие имате прво да ја знаете вистината

Знамето на Партизан се виори на 5,895 метри височина, легендарниот капитен на црно-белите го освои Килиманџаро! (фото)

Бранко Кокир, поранешен ракометар од редовите на Партизан, се искачи на врвот Килиманџаро и го развиори знамето на својот сакан клуб.

Поздрав од врвот на Килиманџаро ни упатува поранешниот капитен на ракометниот клуб Партизан и репрезентативец на Србија, Бранко Кокир! Бранко го зеде знамето на кошаркарскиот клуб Партизан на пат кон покривот на Африка (Ухуру Пик 5895м), објавија црно-белите на својот Твитер профил.

Кокир денеска има 47 години а играчката кариера ја заврши во 2009 година.

За Партизан настапуваше од 1993 до 2000 година, освојувајќи три титули и два купа.

Во Германија го освои Купот со Хамбург во 2006 година.

Тој во неговата витрина може да се пофали и со светската бронза, која ја освои двапати со репрезентацијата на Југославија, во 1999 и 2001 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!