Вие имате прво да ја знаете вистината

Зошто Ѓоковиќ навистина ја одбива вакцинацијата!? Одговорот го има Борис Бекер

Настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен се уште е неизвесен поради двоумење околу вакцинацијата, а поранешниот тенисер Борис Бекер проговори за причините поради кои Србинот и неговите колеги ја одбиваат имунизација.

Германецот во разговор за Еуроспорт изјави дека тенисерите се одлични поединци, што и налага природата на самиот спортот и дека не сакаат никој да ги командува.

Тенисерите се како претприемачи, тие немаат работодавец за кој работат, како во другите спортови каде што играта е тимска. Знам што зборувам – ние сме слободоумни и не сакаме некој друг да не командува. Бев изненаден кога видов колку многу играчи не се вакцинирани, но ако се погледне целиот свет, бројот на вакцинирани се зголемува и мислам дека тоа е добра работа, изјави Бекер, пофалувајќи го примерот на фудбалерите во Премиер лигата, од кои дури 2/3 се имунизирани.

Неизбежно беше да се коментира одлуката на Ѓоковиќ да не ја прима вакцината и со тоа да ја загрози можноста за одбрана на трофејот во Мелбурн.

Можам да ја разберам дилемата на Ѓоковиќ за вакцинацијата. Тоа е негово право, неговата приватност и таа мора да биде почитувана. Од друга страна, австралиската држава Викторија бара доказ за вакцинација и целосно е неважно тоа што го зборувам. Владата на таа држава донела одлука и тоа значи дека има само еден начин да тој настапува на АО, заклучи Бекер.

До почетокот на Австралија опен остануваат уште два и пол месеци, а Ѓоковиќ во последните три настапи на АО секогаш освојуваше трофеи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!