Вие имате прво да ја знаете вистината

Џо Бајден евакуиран од средбата со Џеф Безос и Леонардо ди Каприо, тајните служби брзо реагира (ВИДЕО)

Американскиот претседател беше евакуиран од самитот COP26 во Глазгов пред да одржи говор за стратегијата за метан, пренесува британското издание Express.

Според некои локални медиуми, причина за „евакуацијата“ на претседателот била големата толпа што се собрала пред зградата во која се случил настанот.

Претседателот беше брзо отстранет од состанокот откако беше активиран алармот.

На видеото на социјалните мрежи се гледа како голем број луѓе се задржани од безбедносните службеници на самитот.

Претседателот беше во сала за состаноци со Леонардо ди Каприо и Џеф Безос пред да биде евакуиран.

Новинарите и делегатите ја опишаа ситуацијата како „хаос“, при што некои шпекулираа дека Бајден нема да се врати да го одржи својот говор откако беше изнесен од агенти на американската тајна служба.

Сепак, американскиот претседател се врати на настанот малку подоцна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!