Вие имате прво да ја знаете вистината

Кој требало да поднесе оставка по локалните избори, што се случувало во партиските штабови и кои телефони ѕвонеле до исклучување

Кој се размислувал да поднесе оставка по бурниот втор круг на локалните избори? Јавно тоа го направи само Зоран Заев на челната функција во СДСМ, но и на премиерската функција. Но во политичките кулуари се шпекулира дека и лидерите на две албански партии размислувале да поднесат оставка.

Станува збор за лидерите на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. Но по едно телефонско јавување во понеделникот, со сугестија дека не е време за оставки, од луѓе блиски на фондацијата Конрад Аденауер, тие наводно се откажале од оставките.

Во денешното интервју за ТВ АлсатМ, Зијадин Села вели дека би бил среќен ако партиските структури побараат негова оставка како прв човек на партијата. Таму градоначалникот на Гостивар има јасни лидерски амбации и тој де факто е лидер на партијата од сенка, иако во финансиите е многу посилно струшко-австриското лоби во таа партија.

Во Алтернатива е малку покомплицирана рабоитата бидејќи таму е дебатата и за лидерската позиција и за коалициската соработка. Едно силно крило во Алтернатива влече кон учество во владината коалиција. Како конкурент на Африм Гаши се споменува пратеникот, Зејд Реџепи кој наводно има блиски односи со Радмила Шекеринска.

Во понеделнокот, како што велат нашите избори, Шекеринска почната да ги контактира сите видни членови на СДСМ, без разлика дали се заевисти или се дел на друга политичка група во партијата. Во СДСМ е јасно дека ќе се оди на поделба на функцијата, барем во прво време. Бидејќи изборот на лидер е со непосредно гласање на целото членство, а за тоа треба подготовка од барем неколку месеци, јасно е дека идниот премиер и лидерот на партијата ќе бидат различни личности.

На листата за иден премиер освен Шекеринска, Никола Димитров, сега се додава и амбасадорот во НАТО, Дане Талески. Додека на листата за лидер освен Петре Шилегов, Венко Филипче, се додаваат и Љупчо Николовски, Сања Лукаревска и Гордан Георгиев.

Бојан Маричиќ и Оливер Спасовски се накаде на половина пат меѓу двете функции, но повеќе се за во владата.

Најавите се дека за викендот може да се очекува посилно учество на меѓународниот фактор во решавањето на политичката криза.

Повеќе на оваа тема во емисијата Во Центар која се емитува вечерва во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!