Вие имате прво да ја знаете вистината

Кристијан Голубовиќ прозборе за дружењето со Веља Невоља, кажа се што имал со него!

Кристијан Голубовиќ неодамна изјави дека се има видено неколку пати со Вељко Беливук на пијачка и тоа е се од нивното познанство.

Кога се видов со Веља Невоља, беше на здраво – здраво. Знам дека е навивач на Партизан. Ме прашаа дали сум од едениот или другиот клан, но што јас имам со Веља, дали тој е мој пријател ? Каков бе пријател, јас бев на еден натпревар, јас бев на едната страна а тој на спротивната. Јас сум институција за нив. Седев два, три пати со него на пијачка, да сакав да бидам во овој или оној клан, тоа транспарентно ќе го кажев, изјави Кристијан за медиумите.

За потсетување, во јули оваа година кога Кристијан излезе од реалното шоу Задруга, тогаш дозна за апсењето на Веља Невоља.

Бев во Задруга, и кога излегов ме известија дека паднал новиот Земунски клан. Мислев дека станува збор за Шкаљарци или Кавчани, меѓутоа ми кажаа дека тој извршувал задачи на двата клана, печел и сечел живи луѓе. Напросто се зачудив. Знаев дека Беливук е спремен да го направи тоа. Тој е многу суров и многу опасен дечко, изјави Голубовиќ и додаде:

Знаејќи го малку на приватен план, како коси трева, фин, културен и педатен, тој и Сале секогаш ме поштуваа на трибините. Никогаш немаше да кажам дека тој би можел да отиде толку далеку. Ете гледате, чуда се раѓаат. Тоа се нови генерации, нови деца. Сакаат така да живеат и на крајот доаѓаат до затвор, односно доживотна робија. Доколку тоа им е некоја сатисфакција, парите кој ги имат направено и потомците кој ги имат оставено, добро, но сега треба да знаат што имат направено, бидејќи стапот има два краја, ја заврши изјавата Кристијан.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!