Вие имате прво да ја знаете вистината

Легијата на честа за Ангела Меркел, Макрон ја испрати во пензија со најдобро француско вино

Францускиот претседател Емануел Макрон и го врачи Големиот крст – Легијата на честа, на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел како дел од нејзината последна официјална посета.

За време на нејзиниот 16-годишен мандат како канцеларка, Меркел добро соработуваше со четворица француски претседатели.

Макрон беше домаќин на германската канцеларка во историскиот град Бон, во винарското срце на Франција. Насобраните граѓани ја пречекаа германската канцеларка извикувајќи: Ангела, Ангела, браво.

Во опуштена атмосфера и насмеани лица, канцеларката отиде со францускиот претседател и нивните двајца сопружници, да ги поздрават неколкуте стотици собрани луѓе.

Добро искористете ја пензијата – извика човек на англиски, пренесуваат француските медиуми.

По официјалните и формални средби на Г20 во Рим и климатскиот самит COP26 во Глазгов, атмосферата меѓу двајцата лидери во Франција беше опуштена.

За прошталната посета на Ангела Меркел, Елисејската палата го избра градот Бон, град чии историски споменици и винската култура го илустрираат богатото француското наследство, соопшти Елисејската палата.

По прошетката низ историскиот центар, тие ја посетија болницата во Бон, архитектонски скапоцен камен од 15 век во готски стил, старата болница светски позната по својата винска земја која ги прими Франсоа Митеран и Хелмут Кол во 1993 година на 63-от француско-германски самит.

Канцеларката ќе ја напушта политиката по формирањето на новата германска влада, што се очекува во декември. Социјалдемократите (СПД), победниците на парламентарните избори на 26 септември оваа година, преговараат за владата заедно со екологистите и либералите.

Доколку успеат, канцеларката ќе ја наследи актуелниот министер за финансии на социјалдемократите Олаф Шолц.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!