Вие имате прво да ја знаете вистината

Меси го продава својот луксузен стан во Мајами, погледнете за каков раскош станува збор (фото)

Фудбалската суперѕвезда, Лионел Меси го огласи за продажба својот луксузен стан во Мајами за цена од 7 милиони долари.

Станот е сместен во луксузниот стамбен дел, „ Porsche Design Tower“ а Меси го купи во 2019 година за пониска цена од 5 милиони долари, што е цели 2 милиони долари помалку од сега објавената цена за продажба, така што ова за Меси изгледа добра бизнис зделка.

Фактот што е еден од најзафанатите спортисти на светот не му остава доволно време да се дружи и живее во Мајами како и да ужива во својот имот кој не го користи од кога го има купено. Неговиот моментален договор со ПСЖ го приморува времето да го минува во француската престолнина.

Станот содржи две спални соби и пет тоалети, со површина од 290 квадратни метри, а во прашање е единстевниот стан во тој комплекс со две спални соби. Според описот на огласот има најдобар поглед кон океанот од целата зграда.

Тоа е една од зградите во Мајами каде што можете да влезете дома директно од автомобилот, односно гаражата е дел од станот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!