Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е авионот на Манчестер Јунајтед, секој играч има посебен дел, се мора да биде скапо и луксузно

Како еден од најголемите спортски брендови во светот, Манчестер Јунајтед и сите структури во клубот уживаат во голем луксуз, а тоа особено се гледа со приватниот авион што го користи клубот.

Британските медиуми објавија податоци за тоа што поседува приватниот авион на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за авион на партнерската компанија Аерофлот во кој Манчестер Јунајтед патува на турнеи низ Европа.

Сепак, познато е дека црвените ѓаволи го користат и за патувања во Англија. Таковв случај видовме неодамна во Премиер лигата кога експедицијата на Јунајтед полета за Лестер на лет во траење од само 10 минути бидејќи имаше голем метеж на патиштата.

Тоа што е многу интересно е што секој фудбалер и член на екипажот има свој посебен дел кој вклучува паметен телевизор, многу простор за играчите да се чувствуваат удобно.

Сан пишува дека внатре во експедицијата на Манчестер Јунајтед секогаш владее добра атмосфера, без разлика на резултатот, како што беше и по враќањето од Бергамо.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Аталанта и Јунајтед заврши со резултат 2:2 откако Кристијано Роналдо постигна гол во финишот на мечот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!