Вие имате прво да ја знаете вистината

Родителите му починаа во падот на жичарата, детето е киднапирано од неговиот дедо, сега мора да го врати во Италија

Дедото на 6-годишното момче, кое ги загуби родителите во несреќа која се случи во мај при падот на италијанската жичара, се жали на одлуката на израелскиот суд детето да му се врати на семејството во Италија.

Детето кое ја преживеа трагедијата во која имаше 14 жртви, од страна на неговиот дедо беше однесено со приватен авион во Израел. Детото тврди дека починатите родителите сакале момчето да порасне во еврејската држава, но медиумите пишуваат за верски фундаментализам, пренесе БНТ.

Италијанската правда го води истрага против дедото за киднапирање.

На 25 октомври, судот во Тел Авив ја именуваше тетката во Италија како законски старател и нареди враќање на детето во Италија. Таму живееле и неговите покојни родители. Дипломатијата на двете земји засега не интервенирала, а семејствата одбиваат да бараат евентуална парична отштета за трагедијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!