Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите трупаат војска на западната граница и ги преполовија испораките на гас за Европа преку Украина

Русија повторно драстично го намали снабдувањето со гас во Европа оваа недела и почна да трупа војници на нејзината западна граница, што предизвика реакција од американската војска, објави британски Телеграф.

Имено, рускиот државен гасен концерн Газпром од понеделникот ги преполови испораките преку Украина, откако претходно целосно го прекина дотурот на гас за Европа преку Полска.

Овој потег се смета за последен обид на Кремљ да ја принуди Германија да издаде дозвола за користење на новиот гасовод Северен тек 2, кој оди директно од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

Во меѓувреме, највисокиот американски генерал, началникот на Здружениот Генералштаб Марк Мили, во вторникот по извештајот за трупањето сили во западна Русија изјави дека САД ги набљудуваат движењата на руската војска долж границата со Украина. Тој истакна дека Америка досега не гледа ништо „отворено агресивно“ во ова.

Го видовме ова и порано. Што значи тоа? Се уште не знаеме, рано е да се каже, рече тој.

Украинското државно раководство ги отфрли информациите за растечката руска закана, велејќи дека не забележало никакво значително зголемување на силите, иако американските медиуми објавија сателитски снимки во текот на викендот на кои се гледа концентрација на армијата во југозападна Русија, во близина на градот Јелња во близина на границата со Белорусија. не толку далеку од украинската граница.

Портпаролот на Кремљ во средата го повтори ставот на Москва дека Русија е слободна да одржува воено присуство на своја територија, секаде каде што смета дека е потребно.

Седумгодишниот конфликт на Русија со Киев летово доби нова димензија, откако САД ги повлекоа своите приговори за контроверзниот гасовод Северен тек 2, чие пуштање во употреба му дава на Гаспром алатки за да го прекине транзитот на гас низ Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец навести дека Русија ќе биде подготвена да испрати повеќе гас во Европа, која се соочува со енергетска криза, доколку Германија го забрза одобрувањето за Северен тек 2.

Одлуката на Германија се очекува до крајот на јануари, но засега сето тоа е на тенок мраз бидејќи зависи од исходот од коалициските преговори за нова влада во која би можела да биде вклучена и Зелената партија, која експлицитно се противи на пуштањето во употреба на гасоводот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!