Вие имате прво да ја знаете вистината

Сали Бериша тврди дека Џорџ Сорос стои зад проектот Отворен Балкан, а Белград секогаш ја смета Македонија за Јужна Србија

За Белград, Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. Ова го изјави поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша.

Тој на собирот на членовите и симпатизерите на Демократската партија, каде е почесен претседател, го коментираше поразот на СДСМ на локалните избори, кој доведе до оставка на Зоран Заев од премиерската функција и претседател на партијата, објави Ора њуз.

Бериша им честиташе на македонските гласачи за кои рече дека му покажале црвен картон на „авантуристот“ кој Северна Македонија ја претвори во „јаболко на раздорот“ за Бугарија и Србија, пренесе БГНЕС.

Со заминувањето на Заев, рече Бериша, иницијативата Отворен Балкан, проект „против Косово и албанската нација“ е мртва.

„Испраќам срдечни поздрави до гласачите во Северна Македонија, кои му покажаа црвен картон на авантуристот кој со своите авантури ја претвори Северна Македонија во јаболко на раздорот меѓу Бугарија и Србија. Овој слеп политичар заборави дека за Белград Северна Македонија не е ништо друго освен јужна Србија. И тој истрча во Белград како да е син на Никола Пашиќ“, изјави Бериша

Обвинувајќи го Џорџ Сорос дека стои зад иницијативата Отворен Балкан, тој додаде дека „иницијативата згасна пред два дена со гласот на граѓаните на Македонија“.

„Како дух на повоениот Балкан, трипартитниот сојуз Белград-Тирана-Скопје оди против Косово и албанската нација. Ја поздравувам косовската влада што силно се спротивстави на оваа иницијатива предизвикана од конфликт за враќање на хегемонијата на Белград во регионот, иницијатива која ги претвора Албанија и Македонија во вазали на Белград, опколувајќи го Косово со непријателски клики, земја која штотуку излезе од војни и конфликти .

Според Бериша, не е потребна хегемонија, туку соработка меѓу рамноправни држави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!