Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Случаите со коронавирус растат само во Европа, во некои држави е критично

Случаите на коронавирус во Европа се зголемуваат петта недела по ред, што ја прави единствениот регион во светот каде случаите на Ковид-19 продолжуваат да растат, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од Асошиетед прес.

Во својот неделен извештај за пандемијата, специјализираната здравствена агенција на ООН соопшти дека новите случаи во Европа се зголемиле за 6 отсто во однос на претходната недела, кога биле за 18 отсто повисоки од претходната недела. Бројот на нови инфекции на неделна основа во другите региони или се намалува или останува приближно ист, се вели во извештајот.

Севкупно, минатата недела имаше 3 милиони нови инфекции ширум светот, се вели во извештајот. Бројот на починати од Ковид-19 во светот минатата недела е зголемен за 8 отсто, а на овој показател главно влијае состојбата во Југоисточна Азија, каде што бројот на починати од болеста скокнал за 50 отсто.

Најостриот пад на новите инфекции има на Блискиот Исток, каде што новите случаи се намалени за 12%, и во Југоисточна Азија и Африка, каде што падот е 9%.

Преваленцата на инфекцијата е највисока во Европа, со околу 192 нови случаи на 100.000 луѓе, а потоа следат Северна и Јужна Америка, каде што новите случаи на 100.000 луѓе биле во просек 72.

Неколку земји од централна и источна Европа, како Чешка и Полска, неодамна забележаа голем пораст на бројот на нови инфекции дневно, се вели во извештајот. Во него се наведува дека, генерално, континуираниот пораст на потврдени случаи на инфекција во Европа главно се должи на зголемувањето на случаите во Обединетото Кралство, Русија, Турција и Романија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!