Вие имате прво да ја знаете вистината

Тешки денови за Каракачанов, партијата му е статистичка грешка на анкетите, Радев за влакно нема да победи во прв круг!?

За ГЕРБ на претстојните избори би гласале 24,1 отсто од гласачите. На второ место е БСП или бугарските социјалисти со 18,1 отсто, потоа Има таков народ, на Слави Трифонов, која доби 15,2 отсто од гласовите. Продолжуваме со промената, која е нова политичка структура, остануваат четврти со 14,3 отсто. Партијата на Турците доби 9,2 отсто од гласовите, а Демократска Бугарија – 7,4 отсто, според студијата на агенцијата ЕСТАТ.

Податоците се од социолошкото истражување на агенцијата ЕСТАТ, спроведено во периодот 23.10 – 31.10.2021 година преку директно лично интервју меѓу 993 полнолетни бугарски државјани. Студијата беше финансирана и нарачана од Дарик Радио.

Според анкетата во моментов нема дилема дека ГЕРБ ќе победи на изборите кои се закажани за 14 ноември. Разликите меѓу следните три политички сили се релативно мали, при што секоја од нив може да биде и втора и четврта. Податоците се стабилни со текот на времето, при што само БСП малку го зголеми својот резултат во последните денови од истражувањето.

Партијата на Красимир Каракаќанов е бетонирана на многу мали 2,3 отсто од довербата на гласачите.

Според анкетата, на претседателските избори ќе има два круга, бидејќи во првиот круг 49,7 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за Румен Радев. Во последните денови поддршката за актуелниот шеф на државата е зголемена за 2-3 поени. Освен тие што традиционално го поддржуваа Радев, анкетата покажува дека има поддршка и кај гласачите во ДБ, ВМРО, Вазраждане и неопределените.

Во евентуалниот втор круг излезноста се очекува да биде под 40 отсто или околу 2,2 милиони гласачи. За Румен Радев ќе гласаат 62,2 отсто, а за Анастас Герџиков 37,8 отсто, покажуваат податоците на ЕСТАТ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!