Вие имате прво да ја знаете вистината

Турските власти истражуваат кој шири лажни вести дека Ердоган е мртов! Објавено е видео: Султанот едвај може да оди!?

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица бидејќи објавиле на Твитер низа постои за наводната смрт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Во соопштението на полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите со хаштаг „олмус“, што е турски збор кој во груб превод значи „мртов е“.

Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење „дезинформации и манипулативна содржина“, како и за навреда на Ердоган, пренесува АП. Твитовите уследија по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган по неодамнешното видео на кое се гледа како турскиот претседател се движи непредвидливо и тешко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!