Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ со Никола Димитров и Еди Рама му даваат “вештачко дишење” на Отворен Балкан по оставката на Зоран Заев

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ, во Палатата Србија денеска ги пречека вицепремиерот на нашата држава, Никола Димитров, и премиерот на Албанија, Еди Рама, со кои ќе оствари повеќе средби во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Димитров, Вучиќ и Рама најпрво ќе разговараат со претставници на бизнис компании од нашата држава, Србија и Албанија.

https://www.instagram.com/p/CV2dKDXMyCF/?utm_source=ig_web_copy_link

Потоа ќе следи средба на тројцата официјални претставници со претставници од Атлантскиот совет, пренесува српската национална телевизија – РТС.

Потоа ќе се одржи средба на тројцата функционери, по што Димитров, Вучиќ и Рама ќе се обратат пред медиумите за изјава.

https://www.instagram.com/p/CV2NQQFsJWb/?utm_source=ig_web_copy_link

Иницијативата за Отворен Балкан е економска зона основана од три регионални земји – Албанија, Северна Македонија и Србија – и има за цел да ја зголеми трговијата и меѓусебната соработката, како и да ги подобри билатералните односи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!