Вие имате прво да ја знаете вистината

Направена е коалиција да се спречи употребата на јагленот. Дали Глазгов ќе му пресуди на ќумурот?

Коалицијата создадена од 18 држави, десетици банки и други останати институции, ветува постепено укинување на домашните електрани на јаглен, како и прекинување на финансирањето на меѓународните проекти за јаглен. Исклучувањето на јагленот од емисиите е еден од најголемте придонесувачи за климатските промени, а прекинот за поддршката за него беше клучен фокус на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов, соопштува Њујорк Тајмс.

Новата кампања, за која британските власти се очекува да ја објават денеска во Глазгов, најавува дека „се наѕира“ крај на употребата на јаглен поради ново формираната коалиција. Групацијата ќе се обврзе да ги прекине сите инвестиции за ново производство на енергија на јаглен, како на домашно така и на меѓународно ниво. Временската рамка се уште не е одредена.

Договорот, исто така, ветува праведна транзиција од енергијата на јаглен на начин што ќе им оди во користи на работниците и заедниците и брзо зголемување на употребата на чиста енергија како што е енергијата на ветерот и сончевата енергија.

Целосната листа од 18 земји ги вклучува развиените и државите во развој како се Полска, Виетнам, Египет, Чиле и Мароко, според британската влада. Но, се уште не е јасно дали САД се дел од договорот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!