Вие имате прво да ја знаете вистината

Имате проблем со кашлањето? Две ефикасни решенија како да ја смирите кашлицата

Причините за нападите на кашлица може да варираат од најчестата иритација во грлото предизвикана од чад од тутун или некои други алергени како што се прашина, полен, но и животински влакна, до посериозни причини како што се астма или тешка болест на белите дробови. 

Нападот на кашлица може да биде придружен со симптоми како што се треска, болка во градите и малаксаност. Во тој случај, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар, а доколку симптомите продолжуваат, кашлицата можете да ја смирите на два едноставни начини.

Инхалација – Доколку добиете напад на кашлица пред спиење, идеално е веднаш да се истуширате со топла вода, а на подот за туширање да капнете две до три капки есенцијално масло од еукалиптус. Другиот начин на инхалација е малку старомоден, но ефикасен – главата над садот каде се вари водата. Во зовриената вода додадете чај од нане или некое друго лековито растение и вдишете ја пареата. 

Топла течност – Доколку чувствувате дека нешто долго ве нервира и иритира во грлото, испијте благ чај од билки со лимон и мед, а доколку имате можност наместо чај, можете да подготвите чаша топло млеко со мед. Медот е тој што ќе ја смири кашлицата, а воедно ќе го покрие целото грло со тенок заштитен лековит слој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!