Вие имате прво да ја знаете вистината

Интер се врати во игра, а оваа фотографија покажа кој е “главна фаца” во тимот (фото)

Во реванш натпреварот во рамките од четвртото коло на Лигата на шампионите, екипата на Интер од Милано гостуваше во Молдавија и успеа убедливо да го совлада Шериф со резултат од 3:1, а со тоа дефинитивно се вратија во трката за пласман во следната фаза на најелитното натпреварување на стариот контитент.

Од првата минута на натпреварот во редовите на Интер играше и балканската фудбалска ѕвезда Един Џеко, кој за разлика од натпреварот во Милано вчера не беше помеѓу стрелците на головите.

Џеко дефинитивно е ѕвезда насекаде, а не само низ балканските простори, денеска беше напишано на многу балкански медиуми, а за тоа сведочи и една фотографија која што беше објавена на официјалната страна на тимот од Молдавија. Станува збор за фотографија која што брзо се прошири низ Балканот а на фотографијата стоеше момче кое што на големо парче хартија имаше напишано „Џеко, може ли да го имам твојот дрес“, а буквите беа исцртани во бојата на Интер.

Очигледно балканската фудбалска ѕвезда остава добар впечаток кај младите генерации со неговата игра и пожртвуваност на теренот, а со тоа добива фанови од сите страни на светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!