Вие имате прво да ја знаете вистината

Црвените беретки му го свртеа грбот на Легија, тој два дена штајкува со глад во Алкатраз, го држат во самица веќе 18 години

Поранешниот командант на Единицата за специјални операции во Србија, озогласениот Милорад Улемек попознат како Легија, кој беше осуден на максимална затворска казна за најтешки кривични дела, како што изјави за медиумите неговиот адвокат Александар Ковачевиќ, почнал да одбива затворска храна.

Адвокатот на Улемек изјави дека Легија штрајкувал со глад бидејќи бил во притвор и строга изолација во посебна ќелија речиси 18 години, при што наводно му било ускратено и правото на ресоцијализација и унапредување додека ја отслужувал казната, како и правото на работа, користење на училиште, правото на посета на блиски лица во посебни простории како и посети на други лица, но и уставно загарантираното право на секои две години да биде информиран за причините за продолжувањето на неговата самица.

Поранешниот командант на Единицата за специјални операции, Милорад Улемек Легија (53) се уште штрајкува со глад во српскиот Алкатраз. Како што сега стојат работите, планот што го смисли поранешниот командант на црвените беретки, осуден на 40 години затвор за атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, целосно пропадна.

Легија во текот на вчерашниот ден одбил и затворска храна, како и посети, телефонски повици и прошетка. Според изворите на Објектив, Легија се шетал низ својата ќелија, правејќи се дека чуварите кои му поставувале прашања не постојат и повторно не сака да зема храна.

Нема нови информации – кусо коментираше неговиот адвокат Александар Ковачевиќ.

Засега нема реакција од соборците на Легија од поранешната Единица за специјални операции, како и од земунскиот клан кои ја отслужуваат казната во Забела. Меѓутоа, како што објаснува поранешниот началник на белградската полиција, адвокат и член на Светската асоцијација на началници на полицијата, Марко Ницовиќ, Легија сигурно имал идеа дека него ќе го следат неговите поранешни другари.

Со ова, да го наречеме штрајк, сака да си даде значење бидејќи сите го заборавиле. Суетата му е повредена. Смета дека тоа ќе го прифатат и другите затвореници, неговите обожаватели, во што јас се сомневам, тврди Ницовиќ, а оваа теза ја поткрепува со следните ставови.

Многумина негови следбеници и членови на црвените беретки беа разочарани од него како командант затоа што соработувал со земунците, наведува тој, потсетувајќи дека истрагата докажала дека Легија како командант на беретките, учествувал во киднапирања, убиства, рекет…

Според неговиот адвокат, Улемек штрајкувал со глад бидејќи речиси 18 години е во притвор и строга изолација во ќелија, при што постојано му го ускратувале правото на ресоцијализација и унапредување додека ја издржувал казната, правото на работа, училиште, право на посета на блиски лица во посебни простории и посети на други лица, како и уставно загарантираното право на секои две години да биде информиран за причините поради кои му се продолжува самицата.

Милорад Улемек Легија ја отслужува казната во најтешкиот затвор во Србија – Специјалното одделение на затворот во Пожаревац, познат и како српски Алкатраз, каде што е од отворањето во 2010 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!