Вие имате прво да ја знаете вистината

Вил Смит се отвори во неговата нова книга: Размислував да го убијам татко ми!

Магазинот People објави извадок од автобиографијата на познатиот холивудски актер Вил Смит, која ќе биде објавена на 9 ноември оваа година. Во книгата, Смит открива болни семејни тајни, вклучително и трауматичен инцидент од детството во кој е вклучен неговиот покоен татко.

На почетокот на книгата, Смит ја опишува комплицираната врска што ја имал со неговиот татко, кој го одгледал Вил и неговите тројца браќа и сестри во Филаделфија, заедно со нивната мајка.

Татко ми беше доста насилен, но присуствуваше на секој мој натпревар, престава или пеење. Тој беше алкохоличар, но секогаш беше трезен на мојте премиери на секој мој филм. Го слушаше секој албум. Ги посетуваше сите студиа. Тоа е истиот интензивен перфекционизам со кој го тероризираше нашето семејство, но ми ставаше храна на маса секоја вечер од животот – открива познатиот актер.

Тој исто така пишува дека ужасниот чин на насилство на кој бил сведок како дете му го променил животот засекогаш:

Кога имав девет години, гледав како татко ми силно ја удира мајка ми по главата по што таа колабираше. Ја видов на моменти како плука крв, тоа беше моментот во спалната соба, веројатно тој момент повеќе од кој било друг момент го промени мојот живот, дефинираше кој сум јас.

Родителите на Смит прекинале кога тој бил тинејџер и се развеле во 2000 година. И покрај тоа што одржувал блиски односи со својот татко, актерот пишува дека неговиот гнев кој што произлезе од инцидентот повторно се појавил неколку децении подоцна додека тој се грижел за својот татко, кој имал рак. 

Една ноќ, додека ја туркав неговата количка од спалната кон бањата, во мене се појави темнина. Патот помеѓу двете соби се протега по врвот на скалите. Како дете секогаш си велев дека еден ден ќе се одмаздам ​​за мајка ми. Кога ќе бидам доволно голем, кога ќе бидам доволно силен, кога веќе не сум кукавица, ќе го убијам, напишал Смит во својата книга.

Тој се присетува како во тој момент помислил да го убие својот татко.

Застанав на врвот од скалите. Можев да го турнам надолу и лесно да си заминам. Како што се провлекува низ мене децениската болка, гнев и незадоволство, одмавнав со главата и го однесов татко ми во тоалетот, објаснува актерот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!