Вие имате прво да ја знаете вистината

Чави се врати во Барселона: не очекува напорна работа!

Легендарниот играч на Барселона, Чави Ернандез се враќа назад на Камп Ноу, но овојпат како тренер.

Неговите први изјави за враќање во Барселона новинарите ги примија на аеродромот во Доха, од каде во денеска наутро полета за Барселона.

Ќе работиме максимално. На крајот, ние сме Барселона, ние сме најдобриот клуб во светот и најдобриот клуб треба да победи. Не смеете да играте нерешено или да изгубите. Затоа ќе имам максимални барања – изјави Чави.

Ќе се обидеме да ги израдуваме играчите. Ќе треба да работиме напорно и секако со јасни цели да се обидеме да победиме. Јас сум голем оптимист и навистина ни претстои напорна работа за работите да испаднат добро – додаде тој.

Чави најави дека веднаш по пристигнувањето во клубот ќе разговара со играчите.

На крајот на краиштата, и јас доживеав тешки ситуации во кариерата, а ова не е најдобриот момент во клупската историја. Но, сакам да објаснам која е мојата идеја. И секако, да се работи на создавање тим. Мислам дека се е до тимска работа и со нетрпение очекувам се што е пред нас. Секако, ќе морам да разговарам со нив, да видам како се. Многу сум благодарен на Серхи Бархуан за неговата работа, бидејќи денеска играат многу важен натпревар (против Селта на гости). Тимската работа е најважна – повтори Чави.

Легендарниот играч на Барса своевремено беше соиграч на фудбалерите кои сега ќе ги води. Станува збор за Серхио Бускетс, Жерар Пике, Серхи, Жори Алба и Марк Штеген.

Ова го гледам како предност, веќе ми се случи во Ел-Сад. Ги познавам многу добро петмината, игравме заедно и тоа го гледам како позитивна работа, бидејќи знам како работат, знам какви луѓе се и тие се капитени на тимот. Сето тоа е предност – објасни Чави.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!