Вие имате прво да ја знаете вистината

Каков ден: Апасиев седи до Беса, Мицкоски прави влада, Николоски како “прокурист” на Орбан, а РЕК Битола “гори”

Каков ден? Џејмс бондовски ден на македонската политичка сцена и воопшто на македонската сцена. Дури може да се каже дека овој ден има поголема политичка тежина од настаните на 27 април во македонското Собрание, бидејќи во зависност од разврските на овој денешен ден ќе зависи како ќе се движи македонската траекторија.

И повтоно местото на разврската е во македонското Собрание. Тие, кои условно речено, беа на страната на тепачите, тие, кои беа условно речено на страната на тепаните, и тие кои во македонскиот парламент ја пееја албанската химна, денес направија ново владино мнозинство. Сега засега само за рушење на актуелната влада, а што ќе биде понатаму, како што тие велат, ќе зависи од преговорите, дали ќе останат да владеат или само ќе формираат влада за спроведување на изборите.

На иста маса беа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, условно речено “прокуристот” на Виктор Орбан, Александар Николоски, вториот човек на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, насмеаниот од уши до уши Африм Гаши и бранителот на македонските интереси и името ќе го враќаме, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

На вака голем настан како што е формирање на ново владино мнозинство е чудно што не присуствуваа лидерите на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и лидерот на Беса и градоначаник на Тетово, Билал Касами ( Беса беше преставувана преку актуелниот министер за земјотелство Аријанит Хоџа). Ова беше многу голем ден да помине без клучните албански лидери, Села и Касами.

И истиот ден по скоро 30-дневна брутална кампања и хистерија на социјалните мрежи дека Македонија ќе нема струја, дека ќе имаме зима со болни рестрикции се случува “пожар” во РЕК Битола. Затоа и денот метафорички можеме да го наречеме џејмс бондовски бидејќи работите спонтано или “режирано” се случуваат како на филмска лента.

Уште да видиме како ќе се однесуваат Американците и дали е ова уште еден Авганистан кој е договорен со нив или без нив!? Во секој случај ништо на македонската политичка сцена по денешните настани нема да биде исто.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!