Вие имате прво да ја знаете вистината

Пандемијата може да завраши до 4-ти јануари, изјави директорот на Фајзер

Еден месец откако фармацевтскиот гигант Merck и Ridgeback Biotherapeutics објавија дека создале лек против Ковид-19 кој ги намалува хоспитализацијата и смртноста кај 50 отсто од пациентите, Фајзер исто така објави дека нивниот нов лек т.е. таблета против Ковид-19, кое е изработено во комбинација со лек за ХИВ, ја намалува веројатноста за хоспитализација и смртност кај 89 отсто од случаевите.

Процентот се однесува за возрасни лица со ризик од тешки компликации. Оваа комбинација на лекови го забавува метаболизмот, овозможувајќи му на антивирусниот лек да делува подолго време во телото.

Директорот на компанијата Фајзер, Алберт Бурла изјави дека пред американскиот празник односно Ден на благодарноста, кој е на крајот на овој месец, ќе достави податоци за терапијата.

Др Скот Готлиб, член на одборот на директори на компанијата Фајзер, изјави за CNBC дека пандемијата на коронавирус во Америка може да заврши до 4 јануари, кога ќе стапи на сила новата мерката од администрацијата на Бајден, а која кажува дека сите на работното место мора да бидат вакцинирани, во секоја компанија со најмалку 100 вработени.

Дотогаш, околу 84 милиони работници мора да добијат втора доза од вакцината Фајзер или Модерна, или една доза од вакцината Џонсон и Џонсон, а доколку одбиваат вакцинација ќе мора редовно да се тестираат за коронавирус.

Од почетокот на декември сите невакцинирани работници ќе мора да носат маски во затворени простории. Компаниите нема да плаќаат за тестови или маски на своите работници, а додека компанија која нема да ги почитува правилата ќе плати казна од 13.000 до 136.000 долари.

Готлиб објасни дека новиот лек на Фајзер не може да се смета за замена на вакцината и изјави дека се потребни повеќе вакцини за да се стави крај на пандемијата, дури и со ефективни таблети. Тој посочи дека лековите против коронавирусот може да помогнат во лекувањето на случаите на болеста кај лицата со висок ризик.

Кога имате терапевтски лекови кои се толку ефикасни, тоа може да биде спас за луѓето кај кои вакцините не делуваат. Тоа е пат до сигурна заштита од сериозни болести и смрт, изјави Готлиб за CNBC.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!