Вие имате прво да ја знаете вистината

Вознемирувачко видео: Хаос во Хјустон, на концерт животот го изгубија осум лица

Најмалку осум лица го изгубија својот живот, а неколку се повредени за време на стампедо на концертот на Тревис Скот на фестивалот Астроворлд во Хјустон.

Инцидентот се случил кога публиката почнала да се приближува до бината за време на настапот, а концертот потоа бил прекинат.

Командирот на противпожарната служба во Хјустон, изјави дека стампедото се случило околу 21 часот кога толпата почнала масовно да се турка кон предниот дел на бината.

Луѓето почнаа да паѓаат, да губат свест а тоа создаде дополнителна паника, изјави командирот на противпожарната единица.

Тој исто така додаде дека 17 луѓе биле пренесени во локалните болници, од кои 11 доживеале срцев удар. Покрај тоа, повеќе од 300 луѓе добиваат медицински третман во импровизирана болница поставена во близина на фестивалот.

https://twitter.com/sainthaime/status/1456876315747913730?s=20

Мислам дека е многу важно да не шпекулираме. Сè уште никој не ги има сите одговори – изјави началникот на полицијата во Хјустон.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи претходно во текот на денот се гледа како стотици луѓе ја пробиваат оградата на влезот за да успеат да отидат на концертот.

Фестивалот, организиран од познатиот американски рапер Скот, требаше да се одржи два дена, односно во петок и сабота, но официјалните лица рекоа дека вториот ден од фестивалот е откажан.

На концертот се проценува дека имало околу 50.000 посетители. На фестивалот требаше да настапат и други звучни музичари, меѓу кои SZA, Bad Bunny и 21 Savage.

The Chronicle објави дека Скот неколку пати го прекинал својот 75-минутен настап кога забележал дека некои од публиката во близина на сцената се во опасност. Тој побарал од обезбедувањето да проверат дали се е во ред. Амбулантни возила неколку пати пробивале низ толпата за да стигнат до повредените, пишува весникот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!