Вие имате прво да ја знаете вистината

Американската војска работи на моќно ласерско оружје: Тоа е најсмртоносно досега

Следната година американската војска планира да ја демонстрира работата на ласерско оружје од 300 киловати, најмоќното до сега.

Оружје со големина на бродски контејнер кое се монтира на камион го развиваат компаниите General Atomics Electromagnetic Systems (GA-EMS) и Boeing.

Ова компактно ласерско оружје со голема моќност ќе биде најсмртоносното досега, изјави Скот Форни, претседател на GA-EMS, пренесува порталот Индекс.

Во 2014 година, американската морнарица го инсталираше своето прво високо-енергетско ласерско оружје од 30 киловати во USS Ponce. Повеќето воени ласери се движат од 30 до 100 киловати, што е генерално доволно за соборување на помали беспилотни летала, така што ова ново оружје би требало да биде многу помоќно.

Обично, ваквото оружје се заснова на неколку индустриски ласери чиј излез е комбиниран во еден зрак. Сепак, новиот ласер се базира на друга технологија и користи големи стаклени плочи поврзани во серија, пишува „New Scientist“.

Џастин Бронк од британската организација Royal United Services Institute верува дека таков ласер може да собори поголеми објекти, како и неколку цели по ред.

„Овој ласер може да се брани од балистички ракети, како и од дронови, авиони и хеликоптери“, рече Бронк.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!