Вие имате прво да ја знаете вистината

Бурна реакција на хрватскиот политичар: Не сакам да се тестирам, ниту да се вакцинирам. Мое право е да го имам вирусот

Откако на 15 ноември стапија на сила новите мерки за задолжителните потврди за ковид, пратениците кои немаат потврда нема да можат да влезат во хрватскиот Сабор.

Тоа важи и за Златко Хасанбеговиќ, член на Движењето Татковина.

Хасанбеговиќ вчера не можеше да поверува дека од 15 ноември веќе нема да може слободно да влегува во Собранието.

Тоа е невозможно, дури и самите пратеници да донесат таква одлука со двотретинско мнозинство, тоа би било незаконско, а да ни се забранува да влеземе во Собранието преку административна одлука на некој Кризен штаб е целосно неприфатливо.

Тој рече дека не сака да се вакцинира или да се тестира.

Заради тоа некој сигурно ќе поднесе уставна жалба, па ќе се изјасни и Уставниот суд. Не сум се вакцинирал и нема да се вакцинирам, а не сакам да се тестирам. Мое право е да го имам вирусот, а бидејќи овие мерки се на сила, мојата нога нема да стапне во Собрание. Можеби ќе организираме алтернативен парламент на Дувањско поле, изјави Хасанбеговиќ за Нови лист.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!