Вие имате прво да ја знаете вистината

Грета Тунберг: самитот за климатските промени во Глазгов е неуспех!

Конференцијата по повод климатските промени која се одржува во Глазгов е неуспех, изјави Грета Тунберг на масовните демонстрации во шкотскиот град каде претставници од речиси 200 држави се собраа на COP26 во организација на Обединетите Нации.

Не е тајна дека COP26 е неуспех, им истакна шведската активистка на илјадниците истомисленици.

Ова повеќе не е конференција за климатските промени. Ова е двонеделна глобална екоманипулација на светот – изјави Тунберг.

Се уште не се слушаат гласовите на оние луѓе кои се најтешко погодени од најтешко погодените области во светот. Но, фактите не лажат. И сега знаеме дека нашите императори се голи – изјави Тунберг за лидерите собрани на COP26 и додаде – Историјата строго ќе им суди.

Таа повика на размислување.

Мора да се запрашаме, за што се бориме ? Дали се бориме за себе или за спас на планетата ? Дали се бориме да ги задржиме работите такви какви што се ? Нашите лидери велат дека можеме да ги имаме и двете, но горчливата вистина е дека во пракса тоа не е возможно – изјави Тунберг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!