Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови и остри мерки за влез во Грција, ќе важат само за невакцинирани и во овие објекти нема да им биде дозволен влез

Грчката влада донесе нови мерки против коронавирусот, кои ќе важат само за невакцинираните граѓани, но и за туристите кои ќе дојдат во оваа земја за новогодишните и божиќните празници.

Невакцинираните луѓе ќе треба да имаат негативен брз антиген или PCR тест за да влезат во банки, јавни канцеларии, малопродажни места, мешани места за забава и фризерски салони.

Оваа одредба нема да важи само за продавници за прехрамбени производи и верски објекти.

Сите невакцинирани вработени граѓани во приватниот и јавниот сектор ќе треба да поднесуваат два антиковид тестови неделно.

Единствено место каде што граѓаните можат да влезат без тест се супермаркетите, аптеките и црквите. Истите мерки важат и за невакцинираните туристи.

Казните за прекршување на мерките се ригорозни и се исти за грчките граѓани и туристите.

Околу 300 евра е казна за секој што ќе ги прекрши правилата – нема потврда за вакцинација или сертификат дека го направил тестот. Истата сума плаќаат и туристите доколку ги прекршат мерките.

Во Грција досега се вакцинирани над шест милиони граѓани и со овие мерки грчката влада се обидува да го зголеми бројот на имунизирани лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!