Вие имате прво да ја знаете вистината

Популарна пејачка го загуби својот живот во авионска несреќа, фановите се простуваат од неа

Популарната бразилска пејачка, Марилија Мендонка го загуби својот живот во трагична авионска несреќа заедно со уште четворица патници.

Мендонка, која имаше само 26 години, објави видео од аеродромот на својот Инстаграм профил пред нејзината смрт, во кое се вели дека едвај чекала да полета за својата нова дестинација.

Веста за смртта на пејачката на социјалните мрежи ја потврди и нејзиниот тим:

Со неизмерна тага ја потврдуваме веста за смртта на пејачката Марилија, нејзиниот продуцент, нејзиниот вујко, воедно и советник, пилотот и копилотот.

Според CNN Бразил, причината за авионската несреќа засега не е позната.

По објавувањето на трагичната вест, нејзините фанови и пријатели изразија шокираност и тага, пишувајќи пораки со сочувство.

Мендонка се стекна со слава откако го објави нејзиниот истоимениот албум во 2016 година. Таа доби номинација за латино Греми награда во категоријата најдобар албум за „Realidade“ од 2017 година. Нејзиниот последен албум „Todos os Cantos“ беше објавен во 2019 година.

Таа се вери со Мурил Хаф во 2019 година, а во декември истата година го добија нивното прво дете, синот Лео.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!