Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија ја предупреди САД: не е добро да си играте со оружје во близина на нашите граници

Пратеникот на Русија и претставник на Крим, Михаил Шеремет ги повика американските власти да не создаваат тензии во Црното Море со присуството на нивните бродови.

Шеремет изјави дека во спротивно може да очекуваат взаемна посета.

Ја повикуваме Америка да не донесува избрзани одлуки со создавање тензии и мешање во суверените прашања на другите земји. Тоа само ќе донесе хаос во Украина. За жал, морам да констатирам дека САД продолжуваат да дејствуваат како агресор. Нека бидат подготвени на сеопфатен одговор, изјави тој.

Шеремет потсети дека руската армија и морнарица се опремени со модерно оружје и опрема што нема друг во светот.

Не советуваме никого да си игра со оружје во близина на нашите граници. Русија ќе направи се што е потребно за да ги искорени таквите намери. Не треба да се негуваат илузии, провокациите нема да останат неказнети. Ако изберат да го зголемат своето присуство во Црното Море, ќе го добијат истиот одговор, изјави тој.

Претходно, двајца американски конгресмени, републиканците Мајк Роџерс и Мајк Тарнер, го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го зголеми присуството на американската морнарица во Црното Море за да ја заштити Украина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!