Вие имате прво да ја знаете вистината

Северина одлично расположена, воодушевена од својот изглед, откри што ја насмеало

Познатата балканска пејачка, Северина, која е одлично расположена, ги воодушеви своите бројни фанови и следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со нејзината нова фотографија која изобилува со позитивна енергија. Облечена во светли панталони, бели патики и шарено палто од жолти, црвени и портокалови тонови, Северина позираше на клупа опкружена со зеленило.

Северина во описот на фотографијата напиша дека се вратила во својот роден град Сплит, и дека веднаш сонот и бил подобар, а тоа е и причината за нејзината голема насмевка и доброто расположение.

https://www.instagram.com/p/CV5hzJQIsnr/?utm_source=ig_web_copy_link
Нејзината фотографија за неколку часа собра речиси 25.000 лајкови, а нејзините обожаватели не го пропуштија нејзиниот одличен изглед, како што покажаа и во коментарите под фотографијата: 

Ти си толку убава, Не ја симнувај таа насмевка, Ти си убава, Љубовта се гледа на твоето лице!…

Тоа беа низа комплименти, а вештото око на обожавателите не го пропушти модниот додаток на Северина – сина специјално дизајнерска чанта. Елегантната и женствена чанта е еден од омилените модни додатоци на Северина, а моделот Capucines со потписот на Луј Витон веќе имавме можност да го видиме како дел од нејзините модни комбинации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!