Вие имате прво да ја знаете вистината

Трките од Формула 1 се враќаат во Кина најдоцна до 2025 година

Трките за големата награда на Формула 1 се враќаат во Шангај, Кина до 2025 година, објави денеска управата на Формула 1.

Во Кина во последните две сезони не се одржуваат трки поради пандемијата со коронавирусот, а трки нема закажано ни во календарот за 2022 година во оваа држава.

Трката на Формула 1 за прв пат во Кина се возеше во Кина во 2004 година, кога Бразилецот, Рубенс Баричело победи за тимот на Ферари. Последен пат кога беше организирана Формула 1 во Кина е пред две години, а тогаш победата ја однесе Британецот, Луис Хамилтон за тимот на Мерцедес.

Ова е одлична вест и за нас и за нашите навивачи во Кина. Мило ни е што ќе ги гледаме трките во Шангај до 2025 година – изјави претседателот на Ф1, Стефано Доменикали.

Италијанецот додаде дека Кина ќе се врати на листата на СП трки штом здравствената ситуација ќе дозволи. Во сезоната 2022 година ќе има рекордни 23 трки за Формула 1.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!