Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ прими трета доза вакцина, не осетил кога го боцнале: “Невакцинираните не требаше да ги лечиме потполно бесплатно”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими третата доза од вакцината.

Вучиќ третата доза од вакцината ја примил на пунктот за вакцинација во хала 7 на Белградскиот саем.

Тој избра да ја прими вакцината Синофарм за бустер дозата.

Претседателот на Србија по примањето на вакцината им се обрати на граѓаните и на медиумите.

Тој уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои учествуваат во оваа голема и тешка работа.

Ова трае веќе една година, зборувам за вакцинација, никој не ги прашува тие луѓе кои го понесоа најголемиот товар.

Тој рече дека премногу се верувало на совеста на граѓаните.

Тоа можевме да го решиме, без да биде спротивно на Уставот. Вакцинираните треба да се лекуваат бесплатно, а невакцинираните да се лекуваат бесплатно, но во висина на платеното осигурување, изјави Вучиќ.

Вучиќ и побара сите граѓани да се вакцинираат.

Третиот пат не го ни осетив убодот од иглата. Само еднаш ги проверив антителата, но отидов кај Брус каде ме пречекаа 6 или 7 илјади луѓе и не се заразив. А ако се заразев, сигурен сум дека ќе преживеам.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!