Вие имате прво да ја знаете вистината

Жената за која плаче Нејмар: Го собори рекордот на Јутуб, а ја нарекуваа кралица на страдањето

Една од најпопуларните современи бразилски пејачки и текстописци, Марилија Мендонка ( 26) загина во авионска несреќа кога мал приватен авион се урна во југоисточната држава Минас Жераис.

Додека земјите од Латинска Америка го знаат нејзиното име „како од топ“, повеќето луѓе во Европа досега не ни слушнале која е оваа талентирана девојка, а таа се стекна со слава како икона на бразилскиот кантри музички стил „Сертанехо“. Шок и неверување поради нејзината смрт изрази и бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар кој и беше добар пријател.

Марилија Мендока е родена во Кристијанополис и пораснала во Гојанија. Првиот контакт со музиката го имала преку црквата, а почнала да компонира кога имала само 12 години, почнувајќи да пишува хитови за бразилските пејачи „Сертанехо“ како – Мињо Херанко, Весли Сафарадо, Хенрике и Џулијан, Матеус и Кауан, Хорхе. и Матеус, Кристијан Араухоа.

Нејзината кариера од почетокот е во нагорна линија, а сега зад себе остави трага во бразилската култура и богат репертоар на бразилска национална музика и сигурно нема да биде заборавена.

Мендонса ја започна својата пејачка кариера како тинејџерка во 2014 година.

Во време на карантинот, таа одржа серија концерти на Интернет, а еден од нив го собори рекордот за најгледан настан во живо досега. Во еден момент имаше 3,3 милиони гледачи што е светски рекорд за YouTube. Денес, имаше речиси 40 милиони следбеници на Инстаграм, со 22 милиони претплатници на каналот YouTube. За жал, зад себе го остави синот Лео, кој наскоро ќе наполни две години.

Марилија откри во 2019 година дека е во врска со пејачот и текстописец Мурил Хаф , а набргу потоа парот се сврши и се пресели да живеат заедно. Пејачката забременила и родила син, осум недели пред терминот кој беше предвиден.

Таа не беше само пејачка, туку позната како глас за зајакнување на жените, а нејзиниот стил „сертанеја“ понекогаш беше познат како „феминеџо“. Се занимавала со феминистички прашања, се борела за човекови права. Поради нејзините песни фокусирани на жените по раскинувањето, многумина ја нарекуваа „кралица на страдањето“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!