Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали “лежечкиот полицаец” на “новата власт”, Димитар Апасиев ќе му пресуди на мнозинството за рушење на Зоран Заев!?

Во овие неколку дена кога се водат тектонски процеси околу тоа кој ќе обезбеди мнозинство во Собранието, тие што се за смена на валста или тие кои се останување на власта, можеби клучна ќе биде улогата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Вечерва Апасиев ги повика албанските партии да се здружат во рушење на ДУИ и на Али Ахмети и тоа е повеќе обид за намалување на штетата од неговото појавување на заедничката фотографија на новото мнозинство отколку што има какво било влијание ( позитивно ) врз одлуките на албанските партии.

Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да ја стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9.

Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, напиша Апасиев на фејсбук.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/4522028561195780

Но се чини дека токму појавата или присуството на Апасиев како дел на новото мнозинство би можело да му пресуди на тоа мнозинство. Во албанскиот политички кампус се води вистинска војна на намалување на штетите од факторот Апасиев во новата влада. Албанската јавност реагира многу поинтензивно на тие процеси во споредба со македонската, а Апасиев од таа јавност е восприман многу негативно. Затоа сите почнуваат да се дистанцираат од него како од црн Петко во картите.

Се чини дека ако не најдат нова резервна гума лесно може да се случи “лежечкиот полицаец”на “новата власт” да и пресуди на самата власт во обид или во настанување.

Од друга страна најавено е доаѓање во Македонија на холандскиот премиер, Марк Руте. Освен што Холандија на самиотот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ се заложи за брзо почнување на преговорите со Македонија и тргање на бугарското вето, партијата на Руте е една од клучните во Alliance of Liberals and Democrats for Europe Party каде што членува и партијата ЛДП на Горан Милевски. Доаѓањето на Руте би требало да ја бетонира позицијата на ЛДП во сегашното владино мнозинство.

Во секој случај, како се вели во кошарката, власта и опозицијата ќе играат на еден напад или на еден кош разлика за тоа кој ќе победи во тој фото финишот околу владиното мнозинство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!