Вие имате прво да ја знаете вистината

Десничарска група на мета на ФБИ, ги обвинуваат за кражба на дневникот на ќерката на Бајден, ги претресуваат сите станови

Американското Министерство за правда издаде судска наредба за претрес на становите на луѓе поврзани со конзервативната група – Проект Веритас, како дел од истрагата за кражбата на дневникот на ќерката на американскиот претседател Џо Бајден, објавен десетина пред претедателските избори во 2020 година, соопштија извори блиски до истрагата.

Федералните агенти ги пребарале становите во Њујорк и населеното место Вестчестер каде што живееле луѓето кои работеле со групата и нивниот водач Џејмс О’Киф. Истрагата ја водат ФБИ и федералните истражни органи на Менхетен кои се занимаваат со корупција, пишува Јутарњи лист.

Откако во петокот првично беше објавена статија за претресот, Џејмс О’Киф објави видео со кое го потврди претресот во домовите на сегашните и поранешните вработени во Проект Веритас.

Тој понуди долго објаснување за тоа како неговата група постапувала со дневникот на ќерката на претседателот, изјавувајќи дека тој и неговите колеги се однесувале како етички новинари.

Се чини дека на мета на јужниот округ на Њујорк сега се новинарите, а нивното наводно злосторство е тоа што тие ја завршиле својата работа легално и праведно, изјави О’Киф, мислејќи на федералните обвинители во Менхетен.

Нашите постапки се во согласност со одговорното и етичко новинарство и не се сомневаме дека Проект Веритас постапил правилно во секој чекор, изјави тој.

Проект Веритас – не го објави дневникот, но десетици рачно напишани страници од дневникот беа објавени на 24 октомври на десничарските портали, во време кога тогашниот претседател Доналд Трамп се обидуваше да го наруши угледот на неговиот противник Бајден, напоменувајќи дека неговиот син Хантер е црна овца во семејството.

Објавувањето на дневникот во голема мера беше игнорирано од другите конзервативни и мејнстрим медиуми.

Набргу, откако претставник на семејството Бајден, пријавил до федералните власти, дека во октомври 2020 година, неколку лични работи на Ешли Бајден биле украдени за време на кражба, започна истрага за случајот.

О’Киф тврди дека анонимен извор го контактирал неговиот Проект Веритас во 2020 година за да ги предупреди за постоењето на дневникот. Изворот изјавил дека тој престојувал во собата каде штотуку била г-ѓа Бајден. Тој тврдеше дека неговата група не може да ја потврди автентичноста на дневникот и дека донеле етичка одлука да не го објавуваат.

Тој исто така кажува дека Проект Веритас се обидел да го врати дневникот на Министерството за правда и на адвокатот што ја застапува г-ѓа Бајден, но тој тврди дека адвокатот одбил да го земе.

Господинот О’Киф верува дека истрагата е политички мотивирана и го поставува прашањето зошто истрагата ја води Министерството за правда предводено од таткото на Ешли Бајден.

Во последниве недели, федералните истражители пристапиле до најмалку едно лице кое работело за Проект Веритас за да дознаат повеќе детали за дневникот, изјави еден од луѓето запознаени со случајот.

Инаку, Проект Веритас е десничарска организација која е специјализирана за разоткривање на либерални групи и водечки медиумски куќи користејќи скриени камери и лажни профили. Тие ги користеле и услугите на поранешниот британски шпион Ричард Седон кој ги обучувал нивните оперативци за шпионски тактики.

Портпаролот на ФБИ во Њујорк одби да ја коментира истрагата, велејќи само дека агентите спроведуваат активности поврзани со тековната истрага.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!