Вие имате прво да ја знаете вистината

Добро ги познаваме напаѓачите, ќе бидат откриени. Со три дронови беше нападната резиденцијата на премиерот (видео)

Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими изјави дека оние кои стојат зад обидот за атентат врз него се добро познати и ќе бидат разоткриени.

Ќе ги гониме оние кои го извршија вчерашното злосторство, добро ги знаеме и ќе ги разоткриеме, соопштија од кабинетот на премиерот Ал Кадими, пренесе Ројтерс.

Ирачкиот премиер не е повреден во нападот со дрон врз неговата резиденција во Багдад, соопшти ирачката армија.

И јас сум добар меѓу мојот народ. Фала му на Бога, напиша премиерот на Твитер веднаш по нападот, повикувајќи на смиреност и воздржаност во интерес на Ирак.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и претседателот на САД Џозеф Бајден остро го осудија нападот врз резиденцијата на ирачкиот премиер.

Нападот бил извршен со три беспилотни летала, од кои два биле соборени од гардата на премиерот, соопштија денеска два безбедносни извори.

Трите беспилотни летала беа лансирани од место во близина на Мостот на Републиката на источниот брег на реката Тигар, а потоа беа насочени кон Зелената зона, на западниот брег каде што се наоѓа резиденцијата на премиерот, изјави еден од изворите.

Два беспилотни летала беа соборени во лет, изјави службеникот, кој не сакаше да се каже неговото име. Третиот дрон успеа да активира експлозив на зградата, кога во нападот се ранети двајца телохранители на премиерот.

Безбедносен извор рече дека одбранбениот систем C-RAM на американската амбасада, кој исто така се наоѓа во Зелената зона, не е активиран и не може да каже зошто.

Во последните месеци има се повеќе напади со беспилотни летала во Ирак, особено на локации каде што се американските интереси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!