Вие имате прво да ја знаете вистината

Mистериозна смрт на рускиот диломат во Берлин: Откриен е неговиот идентитет, почнаа да се вртат разни приказни

Светските медиуми во петокот објавија дека руски дипломат, кој служел во Берлин, бил пронајден мртов во близина на руската амбасада, а причина за смртта може да биде пад од прозорец. Оваа трагедија ја потврдија и од германското Министерство за надворешни работи, додека медиумите во таа земја објавија дека се работи за функционер на функцијата секретар.

Британските медиуми почнаа да ја истражуваат оваа информација, особено Дејли Мејл, кој откри дека се работи за Кирил Жало (35), кој всушност бил пронајден мртов пред зграда во центарот на Берлин пред 14 дена. Според овој медиум, неговото тело го пронашла полицијата која го обезбедувала објектот.

Руската амбасада одби да изврши обдукција на починатиот дипломат, а полициската истрага е прекината.


Руската амбасада ја призна смртта на Жало откако веста беше објавена, опишувајќи ја како „трагична несреќа“ и рече дека нема да коментира дополнително од „етички причини“.

Сите процедури поврзани со враќањето на телото на дипломатот назад во татковината веднаш се решени кај надлежните германски полициски и медицински органи согласно досегашната практика – се наведува во соопштението на амбасадата.

Тоа што германските истражувачки сајтови Bellingcat и The Insider успеаја да го откријат е дека настраданиот дипломат е син на истакнат функционер на ФСБ, генерал-полковник Алексеј Жало.

Генерал-полковник Алексеј Жало е шеф на Канцеларијата на ФСБ за заштита на уставниот поредок, кој наводно е вмешан во бројни заговори за убиства, вклучувајќи го и неуспешното труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, според пишувањето на овие сајтови.

Инаку, канцеларијата на ФСБ со која управува Жало сениор е поврзана и со неуспешното труење на писателот Дмитриј Биков во Русија во 2019 година и двете неуспешни труења на политичарот и писател Владимир Кара-Мурзе во 2015 и 2017 година, исто така во Русија. .

Жало, постариот бил и заменик директор на Втората служба на ФСБ, објави Белингкет, кој е поврзан со убиството на грузискиот барател на азил и поранешен командант на чеченските бунтовници Зелимкан Хангошвили во 2019 година. Хангошвили бил застрелан двапати во главата во берлинскиот парк Kleiner Tiergarten додека трчаше по шумската патека.

Јавните податоци покажуваат дека таткото и синот Жало биле регистрирани на иста адреса во Москва, а претходно во Ростов на Дон, од каде што потекнува семејството. На почетокот на ноември, германското Министерство за надворешни работи го отстрани неговото име од списокот на дипломати во Берлин.

Се тврди и дека самиот Кирил всушност бил агент на ФСБ, а не дипломат и дека тоа било параван. Белингкет наведува дека Кирил Жало прво бил трет секретар на постојаната мисија на Русија во Обединетите нации во Виена од 2013 до 2019 година. Жало стигнал на служба во Перлин дма месеци пред да биде убиен чеченскиот дисидент Зелимхан Хангошвили, кого го уби Вадим Красиков на кого сега му се суди во Германија. Истрагата утврдила дека Красиков пред да дојде во Берлин често бил на разговори во Втората управа на ФСБ.

Белингкет наведува дека трансферот на Жало помладиот во Берлин и убиството на Хангошвили можеби се случајност, но германските истражители кои се занимаваа со случајот сметаат дека Красиков морал да има логистичка помош во Берлин бидејќи пристигнал во градот непосредно пред нападот и немаше време за детално да го смисли планот за бегство.

Податоците на Гугл покажуваат дека Жало помладиот бил отстранет од дипломатскиот список на германското Министерство за надворешни работи во периодот од 1 до 4 ноември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!