Вие имате прво да ја знаете вистината

Мртвото море го снемува, избиваат чудни кратери, како да се наоѓате на Месечината, тоа е одмазда на природата (видео)

Мртвото Море, спектакуларно солено езеро меѓу Израел, окупираниот Западен Брег и Јордан, изгуби една третина од својата површина од 1960 година, а водата што се повлекува зад себе остава пејзаж налик на месечината, копно бело од сол издупчено со кратери.

Во златното доба во прекрасното место Ајн Геди, во шеесетите, посетителите можеле да пливаат во базени со загреана вода, а потоа да скокаат во Мртвото Море.

Денес тоа е минато, бидејќи вдлабнатините можат да се формираат за миг и да достигнат длабочина од повеќе од десет метри, а се намножија во последните дваесет години на брегот на езерото.

Како што водата се повлекува, таа зад себе остава наслаги на подземна сол. Кога врне, слатката вода влегува во почвата и се раствора, па бидејќи нема потпора, земјата се урива и формира кратери.

Некогаш туристичко одморалиште, Ајн Геди денес е град на духови, искривен од кратери, во кој плантажите со урми се напуштени, а милиони шекели инвестирани во туризмот отидоа на отпад.

Итаи Гавриели, научник од Геолошкиот институт во Израел, вели дека илјадници кратери се формираат на секоја страна од Мртвото Море. Овие опасни кратери, но и „уникатни и магични“ се директна последица на пресушувањето на езерото уште од седумдесеттите поради скршнувањето на реката Јордан и зголемената експлоатација на минералите.

Мртвото Море денеска добива само 10 отсто вода во однос на претходниот период, бидејќи Израел и Јордан имаат зголемени потреби за вода за пиење и за наводнување.

Глобалното затоплување придонесува и за пресушување на Мртвото Море, па така во јули 2021 година, на пример, во Содом, југозападно од Мртвото Море, беа измерени 49,9 степени Целзиусови.

Гидон Бромберг, израелскиот директор на невладината организација Ecopeace, објаснува дека овие кратери се „одмазда на природата“ на човекот за „неприфатливото однесување“.

„Нема да можеме да го вратиме Мртвото Море во претходната состојба, но сакаме нивото на водата барем да се стабилизира“, вели Бромберг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!