Вие имате прво да ја знаете вистината

Не знаевме дека Данило има сомнителни контакти и му е забранет влезот во Црна Гора, тоа е директен напад врз Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека ниту таа ниту претседателот Вучиќ немаат информации дека на синот на српскиот претседател му е забранет влез во Црна Гора.

Данило Вучиќ беше протеран од Црна Гора, му беше забранет влез во Црна Гора без објаснување, а никој не пишува за тоа. Сега тајкунските медиуми го чекаат тоа за дополнително да го нападнат Данило Вучиќ, изјави Брнабиќ.

Во прилог на тоа, таа ја прикажа денешната насловна страница на еден медиум на која пишува дека „Данило Вучиќ има сомнителни контакти во Црна Гора“, а над насловот пишува „поради наводна поврзаност со навивачки групи“.

Каква врска имаат сега навивачките групи со влегувањето во Црна Гора, праша Брнабиќ.

Таа оцени дека тоа што му се прави на претседателот Вучиќ со напад на неговото семејство нема врска со Данило Вучиќ.

Ова е директен напад на Вучиќ, ова е инструментализација на неговиот син, неговото семејство, да го нападнат. Тоа го напаѓаат медиумите во сопственост на Ѓилас и Шолак. Тоа е највалканата кампања што некогаш сме ја виделе, а тоа само што почнала. Оваа кампања против Вучиќ и СНС ќе биде најбруталното нешто што сме го виделе, бидејќи се увезува од медиумите во регионот, чии сопственици се истите луѓе кои ги поседуваат овие тајкунски медиуми, рече Брнабиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!