Вие имате прво да ја знаете вистината

Браќата на Никола Јокиќ му се заканија на Морис: Ве чекаме, тој прв почна, Американецот е силен само на зборови (видео)

Во синоќешниот натпревар помеѓу Денвер и Мајами, во рамките на редовно коло во најелитната кошаркарска лига во светот, НБА, вниманието го привлекоа минатогодишниот МВП играч, Никола Јокиќ и еден од најбруталните играчи во лигата, Маркиф Морис.

Имено на самиот крај од натпреварот, на кој Денвер убедливо водеше против Мајами и победата му беше загарантирана, дојде до несакан настан за кој и двајцата играчи добија казна. Српскиот државјанин Никола, падна на провокација од страна на Морис. Инцидентот следуваше по турканицата кога Морис со лакт во грбот и со колено во бутот го удри Јокиќ, а потоа Србинот не остана мирен и веднаш возврати на ударот и го „фрли“ на пархетот Морис, за што и двајцата играчи беа исклучени од натпреварот и добија казна.

Но ситуацијата и по натпреварот не беше мирна, играчот на Мајами, Џими Батлер наводно му упатил закана на Никола, кажувајќи му дека ке го претепа, на што Никола одговорил да повели надвор на паркингот, но обезбедувањето не дозволи да се случи такво нешто и ги чуваше двајцата играчи.

моментот кога Џими Батлер му се заканува на Никола Јокиќ

На натпреварот на трибините беа и родените браќа на Никола Јокиќ, кои на ова искоментираа дека тие секогаш ќе бидат до својот брат, и дека се спремни да направат се што е потребно за него, а прокоментираа и дека Американците се само јаки на зборови.

Физичката пресметка од теренот на двајцата кошаркари излезе и надвор од салата, откако реагираше и братот на Маркиф – Маркус.

Меѓутоа, во целата приказна се вклучија и самите браќа на Никола – Страхиња и Немања, со тоа што денеска направија профил на Твитер, објави новинарот на Денвер Пост, Мајк Сингер.

Требаше да го оставите како што е, наместо јавно да му се заканувате на нашиот брат! Брат ви беше првиот што предизвика валкана игра. Ако сакате да одите чекор понатаму, бидете сигурни дека ќе ве чекаме. Браќа Јокиќ, – стои во твитот потпишан од Страхиња и Немања, браќата на Јокиќ.

Сингер добил потврда дека браќата на Јокиќ се автори на твитот кој испратил порака за закана до Маркус Морис.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!