Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс знае што го очекува човештвото, постои нова опасност

Милијардерот Бил Гејтс упати предупредување на самитот на Обединетите Нации по повод климатските пормени, кој се одржа во Глазгов, COP26, дека покрај пандемиите, постои и нова опасност за човештвото.

Тоа би било, како што изјави тој, терористички напади со биолошко оружје. Затоа тој повика да се инвестираат милијарди долари во таканаречените „микробиски игри“, со цел човештвото да биде соодветно и адекватно подготвено.

Гејтс оваа го изјави за време на дискусијата со Џереми Хант, претседател на Комитетот за здравство и благосостојба во британскиот парламент и поранешен британски министер за здравство, за време на самитот COP26.

Основачот на компанијата Мајкрософт повика на формирање на глобален пандемски тим во Светската здравствена организација.

Потребни се околу милијарда долари годишно за пандемиски тим во СЗО, кој би се занимавал со надзор и со она што јас го нарекувам „микробиски игри“ , односно вежбање на одговори, изјави тој.

Тој даде и пример како терористите би можеле да нападнат неколку аеродроми во исто време со вирусот на сипаници, па тоа би можело да биде едно од сценаријата за вежбање на „микробиски игри“ и подготвување за евентуален напад.

Тој објасни дека има природно предизвикани епидемии, но дека тие можат да бидат и последица на биотероризам и како такви може да бидат полоши од природните. Сепак, како што тој изјави, напредокот во науката би требало да ни даде алатки за подобар одговор отколку што имаме сега.

Милијардерот исто така изјави дека земјите како САД и Велика Британија треба да инвестираат десетици милијарди во истражување како и напредок и развој за да бидат подготвени за следната пандемија.

Тој додаде дека се надева дека светот за пет години ќе биде подготвен да одговори на евентуална нова пандемија, но дека за тоа е потребна сеопфатна инвестиција за развој и истражување.

Ова може да доведе до многу иновации, а за да бидеме подготвени за евентуална нова пандемија, треба да ги искорениме грипот и настинката, да ги направиме вакцините евтини, да имаме големи фабрики, да направиме вакцини кои би можеле да бидат во форма на мал фластер што го ставивте на рака и сето тоа би било многу корисно дури и да нема пандемија, изјави Гејтс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!