Вие имате прво да ја знаете вистината

Чави го повлече првиот потег, сите ги изненади, дали тоа беше ахиловата пета на Барселона? (видео)

Чави Ернандез во понеделникот беше промовиран во нов тренер на Барселона и веднаш го направи првиот потег.

Имено, тој го отпушти главниот физиотерапевт на тимот, Хуан Брау поради големиот број повреди оваа сезона.

Од почетокот дури 15 играчи ги повредија мускулите, па цехот го плати главниот човек задолжен за опоравување.

Исто така, наводно се подготвува и отказ на главниот лекар, бидејќи Чави на таа позиција го посакува Рикар Прун, човек кој беше таму во текот на целата своја играчка кариера, до 2020 година.

Барса е само на деветтата позиција во Ла Лига со 17 бодови, дури 10 помалку од Реал Мадрид и 11 од првопласираниот Реал Сосиедад, со натпревар помалку.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!