Вие имате прво да ја знаете вистината

Четири знаци дека премногу јадете леб, телото ве предупредува а вие не забележувате

Не треба целосно да го исфрлите лебот од вашата исхраната доколку немате медицинска причина за го направите тоа. Од друга страна, не треба ниту да претерувате со внесувањето на леб во вашиот организам, а еве како телото ве предупредува кога тоа ќе го направите.

Дигестивните проблеми се чести појави поради внесувањето леб, најпрво може да се појават кај оние кои не можат премногу да поднесат глутен во организмот, но сепак не го знаат тоа. Во тој случај, можно е често да бидете подуени или да имате проблем со запек бидејќи цревата се практично блокирани.

Ако ги имате овие симптоми, најдобро е да направите тестови во консултација со вашиот лекар за да проверите дали имате проблеми со внесувањето на глутен во вашиот огранизам.

Постојано сте гладни, а тоа е поради рафинираните житарки од кои се прави белиот леб, кој го консумираат најголем број луѓе, делуваат на телото така што од вас се бара да внесувате повеќе јаглехидрати, особено оние богати со шеќери.

Затоа се подобар избор се интегрални житарки, односно леб од интегрални житарки.

Храната направена од бела кора, а помеѓу нив прво лебот затоа што најчесто го јадеме, може да предизвика проблеми со кожата. Докажано е дека луѓето кои консумираат премногу рафинирани јаглехидрати, вклучувајќи го и белиот леб, имаат 30 отсто поголем ризик од појава на акни.

Причина за тоа се шеќерите кои се наоѓаат во овие производи, со што се зголемува нивото на инсулин, а поради тоа се активираат андрогените хормони и се појавуваат акни.

Доколку јадете многу леб секој ден, големи количини на инсулин се ослободуваат во крвотокот, што доведува до тоа триптофанот да остане во крвта подолго од вообичаеното. Триптофанот е амино киселина која е одговорна за серотонин и мелатонин, хормони кои го регулираат циклусот на спиење и будност. Поради ова прекумерното внесување леб, може да биде една од причините поради која сте поспани после оброк.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!